Имаш бенд, свириш супер, маалските девојќи те обожуваат, ама те нема на големата сцена, по клубови, фестивали во државата и надвор. Чаре? Има чаре.Ќе дознаеш ако дојдеш на работилница за booking - „Како до успешен букинг?“ Патем ќе се запознаеш со кариерата, маките и успесите на еден битолчанец кој „успеал“ да се лансира во музичката стратосфера.
Петок 05/05, Кино Манаки 18.00 ч.
Сашо Поповски е музичар кој сеуште го живее сонот од младоста - на сцена со гитара во раката!
Од почетоците со рок групата Фаџ, преку љубовта кон блуз музиката и клубските свирки, до Магистер и Редовен професор на Универзитот Гоце Делчев - Штип (џез оддел) , денес е еден од нај реномираните - активни џез гитаристи кој настапил на бројни Европски фестивали. Снимил шест албуми .Го основал и успешно го води единствениот џез фестивал во Битола Jazz Factory Festival веќе 6 години.