„Така е со ВЕЛОТ, врзан од други догми. Ќе биде малку надесно, место да е малку лев, преправ за да не биде крив. И нема да пропушти ни суд, ни страв, ни страст, само те прекрива со црни мисли и со црвена јад“.
ВЕЛ музичка група од Битола, формирана во 2019 год. ЦРНИЛО е нивниот деби-албум. Снимен е во студиото ОМНИ на него се наоѓаат десет авторски песни, кои доволно говорат за јасните музички перцепции и смели текстуални идеи.
ВЕЛ:
Томе Спасовски - бас гитара и глас. Спасовски е дипломиран музичар, професор по пијано во Државното музичко училиште во Битола. Претходно членувал во групите Контракултура и The Govermment. Објавил поетска збирка „Безнесум“. Автор e на сите текстови. Учествувал во низа музички проекти: Historia de un amor, Unplugged Nirvana '94, Korunovska singing&music, Камерна опера Битола...
Златко Никодиновски - гитара и глас. Од 2000 год. членувал во групите Флуор, Небо (албум Hard to complete), Against Them All (албум First Born) и The Goverment (албум Разбуди ме). Никодиновски е графички и мултимедијален дизајнер, одговорен за визуелниот и концепциски изглед на групата. Музички проекти: Historia de un amor, Unplugged in NY Nirvana '94, Tribute To Alice In Chains ...
Сашо Ристевски - тапани. Претходно членувал во групите Dismay и The Govermment. Ристевски е сопственик на студиото ОМНИ и e човек задолжен за продукција, микс, ремикс и мастеринг на групата.
Денис Алитовски – клавијатури и глас. Алитовски е дипломиран музичар, професор по пијано во Државното музичко училиште во Битола. Претходно членувал во групата Jazz Scenario. Познат е по својот ангажман во низа музички проекти: The Opeara House, Maria de Buenos Aires (Astor Pizaola)…