|
Стефанија (Милевска Враниќ) е музички артист, дипломиран музиколог по поп и џез пеење на Новиот Бугарски Универзитет во Софија, Бугарија 2014 г. Родена е на 3ти јануари 1992та година, во Битола, Македонија. Моментално посетува Магистерски студии на филмската академија УГД Штип, отсек методологија и педагогија на современ танц.
Стефанија е уметнички директор на „Анастасија Центар“ Битола (центар за музика, танц мода и уметност) каде исто така е професионален музички педагог, музички терапевт, кореограф и продуцент. Во 2015 година ја формира музичката и видео продукција Welcome to Stefanija’s Music World, издава прв авторски музички албум „Ретро – Перспектива“ и промовира повеќе авторски видео записи. Истата година го стартува сопственото музичко студио “Welcome to Stefanija’s Music World” и се јавува како композитор, текстописец и продуцент, а во 2020 година станува „Steinberg“ сертифициран музички продуцент од музичката школа - Enterprise. Моментално работи на вториот солистички албум „Девојчето со долгата коса“, кој се очекува да биде издаден и промовиран до крајот на 2023та година.
Во 2019та година се запознава со Владимир (гитарист), нејзиниот сегашен сопруг, го создаваат дуото „Стефанија & Владимир“ и започнуваат со настапи во Србија и Македонија. 2020та година започна процесот на снимање на нивниот нов музички албум кој се состои од 30 песни, „Трилогија“ на Стефанија и Владимир, каде Стефанија се јавува како музички продуцент, композитор, текстописец и режисер. Во 2021та година започнува промоција на видео записи од новиот музички албум, кој е симбол за верба, себеспознавање и вистинска љубов. Активни се на темата здравје и спорт, прават иновативен начин на тренинзи и го создаваат концептот: Flow & Movement Concept Training, во Анастасија Центар.
Активист е за лицата со попречености, хуманитарно организира и се вклучува во проекти и настани поврзани со оваа тема со цел подигнување на свеста и враќање кон вистинските вредности. Стефанија го промовира својот прв албум по театрите низ Македонија, вклучувајќи ги и децата со попреченост во слухот и говорот! (Hey You Listen! Видеозапис и документарец, учествува во проектите со инклузија на лица со попречености „Ние сме љубов“, „И јас сум АРТ“, „Моќта на единството“, „Сакаме и можеме да пееме“, „И јас сакам да сум балерина“...)
Огромен е бројот на нејзините настапи, а исто така и бројот на нејзините освоени награди како истакнат изведувач. Нејзините соло концерти, авторски перформанси (Fly Project I, II, III, IV, Девојчето со долгата коса, Oneness...) и учество во мјузикли („Исцелител“, Music all, Hair - Бугарија, „Вечерна романса“ – џез- опера трио од Македонија, Кипар и Бугарија, учествува во претставите на „Интимен театар“: „Со љубовта шегување нема“ и „Будење на пролетта“, Отворање и затворање на „Манаки“ Фестивалот со музички перформанс, настапува со Камерниот оркестар на Битола, настапи кои се состојат од танц, глума и пеење се причината поради која таа се појавува како комплетен артист. Во 2010 година учествува во шоуто Музички Идол. Во 2017 година е автор изведувач и водител на забавно едукативната емисија – „Со љубов, Стефанија“, која се емитува на Мега телевизија.
Сценската приказна на Стефанија започнува во 1996 година кога е формирано студиото „Анастасија“, со уникатните модни ревии на нејзината мајка и моден дизајнер Анастасија Зулевска, кои се основа и темел за нејзиното долгогодишно сценско искуство.
Стефанија е професионален кореограф во модното студио и студио за модерен балет „Анастасија“ во Битола, од 2006 година. На 7-годишна возраст запопочна да танцува во школата „Ребис“. Таа танцува, учествува во групи и индивидуално, на фестивали и натпревари, работилници („Радоста на танцот“ – Софија, Бугарија во 2016 година; „VOGUE“ Барселона, Шпанија во 2016 година; „BEYOUND TEHNIQUE“- Софија, Бугарија во 2016 година; Илиев танц - „Dance it“ - Софија, Бугарија во 2014 година; Гетеборг, Шведска“ Адрианас Данс „- модерен балет, џез балет, современ балет и хип хоп во 2011 година).
Кореограф е на многу детски фестивали, избор за песна на Евровизија, флеш мобови, организира и прави кореографија на перформанси со мода и танци по повод 10, 15 и 20 години од постоењето на студиото „Анастасија“,кореограф и режисер на Мјузикл „Исцелител“, Танцови перформанси: „Мојата желба е ...”, „Среќа е да танцуваш”, Шоу перформанс „Сила на Слободата”, „Се викам Македонија“,„Бесконечност“, „Иновација“, организатор е на „Танцувај без предрасуди“ танцов хепенинг по повод интренационалниот ден на танцот. Дел е од организацијата на изборот за битолски таленти „Битола Те Сакам. Кореограф е на детските фестивали Си-до, Ѕвездички, Тралала, Мегабит, Езерски Бисери, и фестивалите Охрид Фест, Мак Фест во периодот од 2006 -2020та година и создава над 500 кореографии.
2023 – Снимање на втор соло музички албум „Девојчето со долгата коса“ (музички продуцент, композитор и текстописец)
2022 – Мјузикл „Исцелител“ по повод 25 години „Анастасија“( Музички продуцент, кореограф, педагог и изведувач)
2022 –2023 „Talking table” танцов филм и перформанс во кореографија и режија на Рисима Рисимкин
2022 – Турнеја на музички фестивали низ Македонија, Србија и Бугарија со Live Music Perforamance – Stefanija & Vladimir (Битфест, Нишвил, Златар фест, Балкански фестивал...)
2021 – Снимање,микс, мастеринг,режија, аудио и видео продукција на аудио и видео записите: „Healer”, „Нешто“, „Од душата не ми бегаш“, „Ми фалиш“, „Snow”...
2021 – Снимање, микс и мастеринг на најавна џез шпица „Бања вас чека“, за потребите на 45то издание на фестивалот за филмско сценарио во Врњачка Бања, Србија
2020/2021 – Снимање на нов музички албум „Трилогија“- Стефанија и Владимир (музички продуцент, композитор и текстописец)
2021 – „Моќта на единството“ – Музичка и танцова терапија во Анастасија Центар за лица со попречености
2021 – Учествува на „Moving Arts Lab 2021“: онлајн фестивал за интердисциплинарно истражување (начини на кои движењето, звукот, сликата и изведбата можат да ја информираат човечката култура, додека реагираат на моменталниот момент), во организација на Earth dance, предводена од Peter Sciscioli (Њу Јорк).
2020 – Настапува заедно со Камерниот оркестар од Битола по повод – Роденденот на Тоше Проески
2019 - Отворање и затворање на Манаки Фестивалот со музички перформанс (Изведувач)
2019 – „Оneness“ – дуо аудио – визуелен перформанс со авторска музика, вокал, танц, жонглирање, видео ( танц, кореографија, пеење, продукција)
2019 - „Можеме и сакаме да пееме“ (соработка на ЦПЛИП Порака Битола и Анастасија Центар) - кореограф и музички педагог по музичка терапија;
2019 -„Учи, работи, биди продуктивен“ (соработка на Лотус Ј Центар и Анастасија Центар) - кореограф и организатор на музичко - танцов перформанс;
2019 - Автор, режија и изведувач на песната и краткиот документарен филм “Hey you, listen! “ (снимено во просториите на Анастасија Центар, направена е инклузија на деца, млади и возрасни со нормален развој и со попречености);
2019 - Автор, режија и изведувач на песните: “I know we’ll meet again” и “Lux Life”.
2018 - „И јас сум Арт“ (музичко - танцов перформанс со инклузија на деца и млади со нормален развој и со попречености - (Анастасија Центар)) - кореограф и музички педагог по музичка терапија;
2019 – „Летен перформанс“, сцена на Анастасија Центар, Новогодишен концерт на Анастасија Центар, кабаре сцена на Центар лаунџ бар, Битола (кореограф и изведувач)
2018 – Проект М (продукција Искра Шукарова), Македонска Опера и Балет, Скопје (музички соработник, пејачка, танчерка)
2018 – „И јас сакам да бидам балерина“ (Центар за Даунов синдром), Кинотека, Скопје (музички педагог и кореограф)
2017 – Тв емисија: „Со љубов Стефанија“ – 11 епизоди, авторска емисија на тв Мега (автор, водител, изведувач)
2017 – Анастасија Центар Шоу и Fly Project 3 (водителка, пејачка, танчерка, модел, кореограф, организатор)
2017 – „ТАНЦУВАЈ – Без предрасуди” (организатор, кореограф)
2016 - „Девојчето со долгата коса“ соло перформанс ( автор на текст и музика, пејачка, танчерка, глумица, кореограф, продуцент)
2016 – „Се викам Македонија“ модна ревија, танцов и музички перформанс по повод 20 години од студиото „Анастасија“ (настан со околу 100 учесници) (водителка, пејачка, танчерка, модел, кореограф, организатор)
2016 – Прави режија на нејзиниот музички видео запис на песната „Разбуди ме“
2016 –„ТАНЦУВАЈ – Без предрасуди” (организатор, кореограф)
2015 – Издаден прв музички албум „Ретро – Перспектива“ (албум со нејзини авторски песни)
2015 – Промоција на „Ретро-Перспектива“ преку перформанс низ театрите во Македонија (Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Струмица,Гевгелија, Мнт и Мкц – Скопје) (сопствена режија)
2015 – Промоција на 3 музички видео записи на авторските песни „Безнадежен“, „Волшебен миг“, “Dance“ (сопствена режија)
2015 – “Fly Project 2“, соло перформанс (сопствена режија)
2015 – Танцови перформанси: „Мојата желба е ...”, „Среќа е да танцуваш”, „ТАНЦУВАЈ – Без предрасуди”, Шоу перформанс „Сила на Слободата” (организатор, кореограф)
2014 – Дел од организацијата на изборот за битолски таленти „Битола Те Сакам“
2013 – “Fly Project “, соло перформанс (сопствена режија)
2013 – Мјузикл „Коса“, режија на Борис Панкин (Бугарија) (кореограф)
2013 – Промоција на прв музички видео запис на првата авторска песна „Бато“ (сопствена режија, музика и текст)
2012- 2014 – Настапува со својот бенд „Bluesis“
2011 – „Гушни го светот“ модна ревија и танцов перформанс, 15 години студио „Анастасија“ (танчерка, кореограф, организатор)
2016 – „Се викам Македонија“, „ТАНЦУВАЈ – Без предрасуди 2”
2015 – Танцови перформанси: „Мојата желба е ...”, „Среќа е да танцуваш”, „ТАНЦУВАЈ – Без предрасуди 1”, Шоу перформанс „Сила на Слободата”
2009 – избор за евровизиска песна – Скопје (кореограф)
2004 –2016 – кореограф на детски музички фестивали: 2004- 2008 детски музички фестивал „Ѕвездички“- Прилеп, 2005-2007 детски музички фестивал ‘Мегабит’ – Битола, 2005- 2016 детски музички фестивал „Тралала“– Битола, 2007- 2015 детски музички фестивал „Си-До“ – Битола,
2010 „Охрид фест“ – Охрид, 2007 „Езерски бисери“ – Струга.
|