Локум фест-музика и традиција е автентична културно-туристичка манифестација која постои од 2007 година. Основач и организатор на фестивалот  е Здружението на граѓани – Центарот за културна деконтаминација Битола и Здружението „Локум фест“ .

Оваа организација е воедно носител на авторските права и правата на индустриска соопственост за оваа манифестација (ТМ 2010/883, 2010.926, TM 337/2010, TM 2010/926, TM 2010/883). Фестивалот се одржува секоја година во третата недела на месец  Јули, во срцето на старата турска чаршија во Битола, поддржан од Општина Битола, Министерство за култура , Агенција за поддршка и промоција на туризмот во рамките на Битолското културно лето „ Бит фест“.

Локум фест ги слави традициите на славното минато на градот Битола (Монастир) во времето на Отоманската Империја кога градот доживува најголем раст и важност и е познат и како Град на Конзулите, а старата турска чаршија важно место на случувања, средби и доживувања…

Мултикултурализмот и толеранцијата помеѓу различните етноси својствен за отоманскиот период е изразен и низ обичаите меѓу луѓето, особено оние помеѓу чаршискиот еснафлук . Како таков обичај симбол на отвореноста и мултикултурноста на чаршијата е и обичајот со локум и кафе да се почести комшијата и добронамерникот. Томку тој обичај го зедовме како синомин за „средба “ помеѓу различните култури и етноси…Обичај кој обединува и до денес.


Концепт на фестивалот

Фестивалот има автентичен концепт кој се содржи од:
 
  • Музички дел-чалгија, балканска музика и етно world music.
  • Изложување на ракотворби од Македонија , Балканот и светот (изработки инспирирани од народната традиција).
  • Изложба на стари предмети, фотографии, облека, намештај, преданија за периодот 19-20 век
  • Работилници за културно наследство.
  • Мал саем на бизниси(презентации на фирми и производи од Македонија и странство).
 
Целите на фестивалот се:

Заживување и заштита на старата битолска чаршија како културно – историски споменик од Османлискиот период со исклучително значење и дел од колективната меморија на многу генерации.
Промовирање на традиционалните градски вредности, низ музика, ракотворби, изложби, поезија и др.
Развој на културниот туризам и анимација на што поголем број посетители во старата битолска чаршија
Вмрежување со други градови со стари чаршии и Развој на традиционалните занаети и бизнис иницијативи.
Локум фест –музика и традиција е препознатлив по својата исклучителна музичка програма. На него настапиле најпознатите етно имиња од земјата и странство како: Монистра, Рудина, Стринг Форсис, Баклава, Ибрахим Џингис-Tрио, Чалгија Саунд Систем, Бјонко Копенхаген Чалгија, Вања Лазарова, Кинг Велинов и Оригинал Кочани Оркеста, Николај Трио-Бугарија, Распеани Крушевчани, Боеми, Јаков Дренковски, Massar Egbary band – Egypt, Љубојна, Ориент Експрес Чалгија, Тони Китановски и Черкези Оркестар, Дамарите чалгија оркестар, Kolektif Istanbul, Orthodox Celts, Ofir, Деспина, Starowski Band…