КОД 369 се македонски бенд од Битола формирани во 2020 година. Бендот се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури).
КОД 369 се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на Памперс (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски),
Во музиката на КОД 369 се внесени нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации кои проткајуваат во препознатливата рок основа и влијанија на современата музика од доменот на поп и рок. Нивната музичка мисла секогаш се наоѓа на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, задржувајки ја свежината, слободата и авангардните идеи на првата категорија и прифатливоста на втората. Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човекови и книжевни вредности, љубовта како движечка сила и моќта на индивидуата како двигател кон своето најдобро јас.
Албумот Stages of Love е првиот албум кој го создадоа и снимија како КОД 369
Првиот сингл со наслов „Остани до крај“ е истовремено амбиентален и подвижен, искажувајки ги турбуленциите на емоциите. Стиховите се стремат да ja величаат љубовта на долги патеки.
Вториот со наслов “Butterflies” е сага и инспирацијата за секкој уметник кој сака своите дела слободно да ги твори и да ја подели својата креативна сила за доброто на сите. Во време на сериозни закани за општеството и човештвото воопшто, уметноста како навидум да го губи своето значење и ако не е излишна тогаш е барем игнорирана. Ако нешто вистински ги поврзува сите луѓе тоа е уметноста.
Во Јуни 2021 потпишаа ексклузивен издавачки договор со Најголемата издавачка куча во регионот – Кроација Рекордс.
Првиот сингл кој е снимен на хрватски јазик е со наслов Права љубав. Тој зборува за безвременооста и бесконечноста на искрените чувства и несебичноста.
Во Август 2022 излезе нивниот албум Stages of Love во издание на Croatia Records